НОВИНАР НА ХРИСТИЈАНСКИ ПОРТАЛ – „Фиџет спинерот“ може да ве доближи до Бога!

Играчката дизајнирана во деведесетите години, од минатиот век, и која беше рекламирана како средство за сузбивање на проблемот со концентрацијата, оддеднаш во последните месеци стана толку популарна, што во некои земји и службено е забранета во школите.

Најжешката „играчка“ на сезоната, таканаречениот „фиџет спинер“, е играчка која се рекламира како направа за оние, кои во животот се носат со пореметување од типот на, хиперактивност и аутизам од анксиозно пореметување.

Сепак во, добар дел од САД, оваа направа стана играчка која професорите ја земаат од рацете на учениците, па дури и почесто од мобилните.

Иако многумина се колнат дека оваа направа им помогнала при пореметувањето на вниманието или нервозата, сепак не постојат научни докази дека тоа е точно.

Иако е наменет за луѓе со поремeтување во концентрацијат,а кои со истата би требало да си играат, за да можат со помош на неа, да се фокусираат, при моментите на вознемиреност, нервоза и деконцентрација, сепак не сите експерти се согласуваат со тврдењето дека направата помага при сите овие работи.

На пример, психологот Марк Рапорт од Универзитетот во Флорида, кои веќе со години го проучува влијанието на движењето на лица со пореметена хиперактивност, смета дека фиџетот и сличните такви направи всушност штетат при таквите ситуации, затоа што повеќе го пореметуваат фокусот на внимание.

Рапорт смета дека целата приказна околу фиџетот е напумпана, и дека истите тие се контрапродуктивни во својата основна намена.

Сепак, фиџетите ја покренаа расправата во школите. Некои експерти сметаат дека се добри за децата, затоа што им го зголемува вниманието и помагаат со проблемот на неможноста да извршуваат повеќе задачи оддеднаш.

Едно е сигурно, професорите ги нервира вистината, а многу од нив се пожалија на Твитер, Редит и други страници. Една учителка од Канзас напиша: „Ќе те наречам „Иритантна вртечка направа“ и засекогаш ќе остане[ на дното во мојата фиока.

Родителите со тоа не се согласуваат и драго им е да ги видат своите деца со играчката во раце, отколку континуирано да ги тргаат од пред екраните на телевизорите, а има и такви кои ги пробале, па се заразија со забавната играчка.

Без разлика дали се корисни или неутрални, станаа вистинска чума меѓу тинејџерите во Америка, а брзо епидемијата се прошири и во Европа.

На Јутјуб можете да пронајдете и деца кои владеат со оваа играчка, и знаат многубројни финти и трикови. Но, како и секоја инвазија, кога се крева прашина, така и оваа ќе мине…

Додека едни говорат како спинери, популарната играчка која го споулаве целиот свет, го опишува Бога (таткото, синот и Светиот дух), други велат дека шират хереза, додека трети се уверени дека е симбол на Сатаната.

Новинарот на порталот „Христијанството денеска“, објасни дека трикратната играчка е поврзана со концептот со светото тројство.

„Веќе протхадно работите се составени од три дела, како детелина со три листа, со кои се служеле за да се опише Троичниот нарав на Богот, а спинерот оди и чекор понатаму, затоа што се врти, па можеби подобро ја прикажува динамичната природа, еднаквост и поврзаност со Бога“, истакнува тој, но и веднаш предупредува:

„Опасноста лежи во тоа што, штом се обидете да му објасните на Бога, порано или подоцна ќе забраздите во ересот“, пишува во текстот.

Но, како што тоа обично бидува, се појавија и теории на завери, кои во три чекори на спинери се гледаат три шестки, а во начинот на кој се држи, гестот, кој симболизира јарец, односно пеколот.

 

Scroll to Top