Ристе Ристески наскоро со нова песна

Минатогодишниот победник на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, на својот инстаграм-профил објави кусо видео како најава за неговата прва песна во соработка со „Гранд продукција“. Песната со наслов „Добро јутро тајно“ е дело на Бане Опачиќ, а ќе биде промовирана наскоро.

„Се надевам дека ова наше дело ќе биде голем хит. Остануваат уште неколку дена до промоцијата на песната“, напиша Ристе под објавата.

https://www.instagram.com/p/Bat9BTNhS6o/?taken-by=riste_risteski

Scroll to Top