По пет месеци брак се разведуваат Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска. Веста ја објави поранешниот директор на Финансова полиција. Тој напиша дека двајцата решиле да се разделат и и и посака среќа за понатаму.
„Како што ве информирав за почетокот така сега ве информирам и за крајот на убавата љубовна приказна. Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај“, вели Ване
Ване и Дунавка се венчаа пред Прочка, а тој за „Репортер“ ни кажа колку е среќен со неа и како таа успеала да го спаси од неговата поранешна девојка.