Џез-музичарот Владимир Василевски Четкар е на Флорида, од каде што објави слики од плажа. Па вели: „Што појќе сонце, то појќе расположение“. Се пожали и дека во февруари баш и нема тело за на плажа, но пријателите велат дека изгледа одлично дури и среде зима.
Четкар, кој живее на релација Македонија – САД, изминатиов период е на мини турнеја низ Америка. Тој имаше успешни концерти со својот бенд во Кливленд, Чикаго, Детроит, Њујорк и Палм Бич. На почетокот на март, Четкар се враќа во Македонија.