Скопјанката Андријана Илиоска е најубавата Македонка

Андријана Илиоска (17) од Скопје е победничка во финалето на изборот за убавина Мис на Македонија 2017 за Мис глоуб. Прва придружничка е 19-годишната Ангела Спасовска од Куманово, а втора придружничка е Наталија Андонова од Берово.

Викендов во Виница во хотелот „Александар парк “ се одржа финалето на изборот за Мис на Македонија 2017 за Мис глоуб.

Победничката Андријана ќе ја претставува Македонија на Мис глоуб, познатиот интернационален избор за убавина кој ќе се одржи во Албанија и Италија следниот месец. Двете придружнички, пак, ќе бидат дел од други интернационални избори за убавина за кои модното студио „Црнокрак“ има лиценца.

Scroll to Top