Видеото за песната Green Forces со која децата од „Дајте музика“, кои ќе ја преставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, има скоро 700 илјади прегледи откако пред две недели беше објавено на Јутјуб. Со развиорени знамиња, Кристина, Анастасија, Миха и Филип, им се заблагодарија на своите фанови за поддршката што ја добиваат.
Според коментарите од фановите од цела Европа, македонската песна и децата од „Дајте музика“ се меѓу омилените на годинашниот избор. Скоро сите пораки на јутјуб се со поддршка, а многумина пишуваат дека Green Forces е толку многу заразна и не можат да престанат да ја пеат, што ќе гласаат за неа и се надеваат дека Македонија ќе победи.
Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеото е на „Вертиго вижуалс“.
Јуниор Евросонг годинава ќе се одржи на 19 декември во Париз, Франција.
(Видео) Со песна за спас на планетата Земја децата од „Дајте музика“ ќе настапат на Јуниор Евросонг