Столе Стоилов, капитенот на ракометниот клуб „Вардар“, денеска полни 31 година. Тој на својот инстаграм-профил веднаш по полноќ објави инста-приказна на која се гледа денешниот датум, 30 април, со што самиот се пофали дека денес е денот за прослава.
Столе прославата ја почна во текот на вчерашниот ден. Тој со ракометарите на „Вардар“ вчера го победија „Кил“ во четвртфиналето од ракометната Лига на шампионите и се пласираа на завршниот турнир на Фајнал-фор што ќе се одржи во Келн на 26 и 27 мај.