Клавијатуристот од бендот „Маестрал“ на Ристе Ристески, Билбил Емре се ожени со својата избраничка Селма.
Ристески на својот Инстаграм профил објави фотографија заедно со Билбил Емре и напиша „зете мили зете“.
Емре е дел од охридската музичка група „Маестрал бенд“ со која нашиот Ристе Ристески ја започна својата музичка кариера. Тие и ден денес го следат на сите настапи во Македонија и пошироко.