Можеби малкумина се сеќаваат, дека Тоше Проески уште како петнаесет годишно момче се појави во сцена од холивудски филм, во кој главни актери се Никол Кидман и Џорџ Клуни. ,,Миротворец’’ (The peacemaker) беше снимен во далечната 1997 година, и е политички трилер, чии први сцени биле снимени во Македонија, односно во Битола, а потоа снимањето продолжило во Њујорк, Филаделфија и Братислава.
Тоше се појавува во сцената снимена во црквата Свети Димитриј во Битола, како дел од црковиот хор. Филмот, кој се прикажуваше речиси во целиот свет, заработи 110 милиони долари.