(Видео) Ања Ветерова промовира нова песна

Македонската пејачка Ања Ветерова вчера ја промовира својата нова песна „Ми доаѓа да вриснам“. Песната која има македонска и српска верзија е дело на Дарко Димитров, а текстот го напиша Елена Ристеска. Спотот, Ања и овој пат го сними со „Ај-Ди-Џеј видеос“ од Србија.

„Пресреќна сум што песната ја промовирав на мојот 19. роденден. Не можев да си посакам поубав роденденски подарок“, рече Ања за „Репортер“.

Публиката ја запозна Ања пред десетина години кога почна да пее на детски фестивали. Таа ја претставуваше Македонија на Детска евровизија во 2010 година со песната „Еооо, еооо“. Сними дует со „Паркети“, настапи на Скопски со песната „Без тебе“, и сними неколку синглови од кои е најпознат е „Рамбамбам“.

Ветерова наскоро ќе замине во Америка, каде што од септември ќе почне да студира на „Беркли“, еден од најпрестижните колеџи за музика.

„Уште 15 дена и одам на ‘Беркли’. Едвај чекам да заминам“, ни рече Ања.

(А.Ј)

Scroll to Top