(ВИДЕО) Тажна љубовна приказна помеѓу Хрватка и Србин го растажи регионот

Исповед на момче кое под песната и спотот на Прљаво Казалиште, „Ту ноч кад си се удавала„ напиша нешто што го „допре„ целиот регион.

-На некои луѓе едноставно не им е судено да бидат заедно.Се запознавме во 1989 година во Загреб.Започнавме врска, бевме млади, луди и среќни.Траеше една година а потоа раскинавме за глупости.Се сретнавме после неколку години и повторно бевме заедно, и сфатив колку ја сакам, меѓутоа дојде таа 1991 година и сосебе донесе само лошо.Јас Србин, таа Хрватица.Осатанав без работа во Загреб, а потоа и без стан, па морав да се вратам во Славонија.Имав 22 години па кратко после тоа заминав во Германија.Секој ден мислев на неа.

Еден ден ми се јави нејзината другарка и ми кажа дека и таа е во истиот град каде што бев и јас. Ми го даде нејзиниот број. Веднаш и се јавив и никој не беше посреќен од нас во тој момент.

Национализмот не можеше да не раздели.

-Вие се сакате но едноставно не може да бидете заедно, не поради верата, туку едноставно не ви е судено- рече една гатачка која случајно помина низ терасата во кафичот во кој седевма.

Само неколку дена посе тоа, нејзината тетка кај којаживееше, се скара со сопругот па мораа заедно да се вратат во Загреб и изгубивме контакт.

Тоа беше 1992, често мислев на неа, дека ќе ја сретнам, но не. Во меѓувреме се оженив и добив деца. После војната често одев во Загреб и поминував низ улицата на која порено живееше, но на влезот пишуваше друго име. После 2014 конечно дојдов до нејзината адреса и број телефон. И се јавив и се сретнавме во едно кафуле. Не знам дали бев среќен или тажен поради средбата. Се испостави дека свадбите ни биле во исти месец, синовите сме ги добиле во исти месец и иста година. И таа има две деца исто како мене. Разговаравме неколку часа и се разделивме. И се јавив уште неколку пати, но престанав, немав сила да и создавам болка. Двајцата сме среќни со нашите семејства и не сакаме да го изгубиме она што го имаме, меѓутоа ја сакам и денес исто како што ја сакав пред 25 години, но како што кажа гатачката „ не ни беше судено!- напиша корисник на Јутјуб каналот.

Scroll to Top