Џесика Симпсон без шминка: Ова е време на домаќинки

By

Поп-ѕвездата Џесика Симпсон ,сега во карантин, се пошегува на сметка на својот супер изглед од 2003 година кога ја красеше насловната страница на „Ролинг Стоунс“.

Наместо секси девојка во долна облека и со потпетици, 17 години подоцна Симпсон позира со средства за чистење и без шминка.

„Домаќинката на годината изгледа малку поразлично деновиве“, ги наслови Симпсон на фотографиите.

Карантинскиот изглед на пејачката резонираше со коментарите на нејзините фанови кои ја поддржаа во природниот изглед.

Во 2003 година, Симпсон беше мажена со Ник Леши и глумеше во серија на МТВ. Светот и се смееше на нејзините гафови. Сега, Симпсон се смее. Форбс процени дека нејзината модна империја тежи 1 милијарда долари. Таа е исто така бестселер автор на Њујорк Тајмс благодарение на нејзините мемоари Open Book.

Симпсон од 2014 се премажи со спортитот Ерик Џонсон и имаат три деца.

Ќе ви се допадне