Џон Траволта му посвети емотивна објава на починатиот син

Џон Траволта (71) со трогателна порака се присети на својот покоен син Џет, кој на 14 април ќе го прославеше својот 33 роденден.

Холивудскиот актер, кој има 15,2 милиони следбеници на социјалните мрежи, сподели ретка нивна фотографија заедно со пораката: „Среќен роденден Џет. Многу ми недостигаш. Ќе те сакам засекогаш!“

Џет, најстарото дете на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, трагично почина во 2009 година за време на семеен одмор на Бахамите, на возраст од само 16 години. Тој боледувал од аутизам, астма и синдром Кавасаки, а според извештаите, имал епилептичен напад, паднал и ја удрил главата.

„Тоа беше најлошото нешто што ми се случило во животот“, се сеќава Џон во интервјуто со Бери Норман во 2014 година. „Искрено, не знаев дали ќе преживеам. Животот повеќе не ми беше интересен и ми требаше многу долго време повторно да најдам смисла“.

Scroll to Top