На почетокот на 2025 година, Мадона (66) објави серија фотографии со своето друштво и момчето Аким Морис (28). Поради една фотографија, многумина се сомневаат дека парот се свршил.
Имено, на една фотографија Мадона и Аким шетаат по ходникот рамо до рамо, а пејачката ја впери раката кон камерата покажувајќи огромен прстен. Поради ова, многумина во коментарите напишаа дека пејачката сигурно се свршила.
View this post on Instagram
Во натписот на фотографијата, Мадона откри дека била на изложбата Луј Бурж во Токио на новогодишната ноќ. Потоа на сите им ја честиташе Новата година.
„Еве до повеќе љубов, до среќни деца, до магично размислување, добро здравје и вечни благослови. Им благодарам и ги славам сите што се храбри во овој живот. Во 2025 година, им кревам чаша на сите оние кои имаат храброст да бидат автентични“, напиша таа.
Откако неколку пати се појави сама во јавноста, почнаа шпекулациите дека врската меѓу неа и 28-годишниот Аким е завршена.
„Мадона и Аким го имаа истиот проблем што таа го имаше со нејзините претходни партнери“, открил неодамна извор и додал: „Разликата во годините стана голем проблем меѓу нив. Тие доаѓаат од различни периоди“.
View this post on Instagram
Тој кажа дека пејачката се сомневала дека нејзиниот партнер е неверен.
Иако се шпекулираше дека раскинале, пејачката на крајот на декември ги демантираше овие гласини објавувајќи видео со серија фотографии на кои позира со него и нејзините ќерки.