Лила Стојановска ја користи секоја слободна пригода за да го стартува автомобилот и на мапата да одбере некоја дестинација за летна забава и релаксација.
Водителката тоа го стори и деновиве, а прикачи дури и видео од своето патување.
Сепак желбата за шетање и нејзиниот авантуристички дух не не изненадија. Тоа што не изненади се наоѓа на нејзината рака. Станува збор за прстен кој неверојатно наликува на свршенички.
Дали Лила сака да ни соопшти нешто на дискретен начин, а трет брак е на видикот или само станува збор за нејзиниот најнов моден додаток, останува да видиме!
Инаку кружеа гласини дека Лила е во врска со братот на ракометарот Столе Стоилов, Стефан, никој од нив не ја потврди врската јавно.