(Фото) Три брака, сообраќајна несреќа и слава: За Жаде се тепаа и режисерите

Бразилската актерка Џована Антонели, иако снимала речиси цела деценија претходно, стана голема ѕвезда дури по серијата „Клон“. За неа режисерите се тепаа со кого да снима. Џована секоја година работела најмалку на еден проект. И  тоа траеше сè до 2012 година кога познатата Жаде реши да се повлече од сцената и да му се посвети на семејството.

Со актерство започнала да се занимава на само 14 години. Нејзиниот татко е исто така актер, а мајка ѝ е танчерка. Убавата Антонели има и постар брат кој е адвокат. Во 1997 година, Џована се венчала за својата средношколска љубов, публицистот Рикардо Медина, но се развеле 4 години подоцна кога веќе се забавувала со колегата од “Клон ” – Мурило Бенисио.

Кон крајот на 2004 година, Џована завршила во болница поради сообраќајна несреќа за која ги обвинила папараците кои ја следеле, додека токму во текот на хоспитализацијата дознала дека е бремена.

Подоцна, актерката заедно со Мурило на прес конференција откриле дека чекаат бебе, а бебето  Пјетро се роди во Рио де Жанеиро на 24 мај 2005 година.

Две години по раѓањето на Пјетро, Џована и Мурило сепак се разделија

Набрзо потоа, актерката се венчала по трет пат за режисерот Леонардо Ногеира, а нивните близначки – Антонија и Софија, се родени на 8 октомври 2010 година.

Џована во март наполни 43 години, веќе долго време се занимава со продукција и сè уште изгледа подеднакво добро како што многумина ја паметат.

 

 

 

 

Scroll to Top