Босанскио фудаберл Един Џеко се пофали дека ќе стане татко. Тој и неговата сопруга, манекенката Амра Силајџиќ Џеко, на сепмтеври го очекуваат своето второ бебе.
„Нашето семејство во септември се зголемува за уште еден член. Без грижи момци, иако ни стигнува уште едно девојче и понатаму ќе бидете во поголемо малцинство. Ќе го мазиме и ќе внимаваме на Џеко како и досега“, напиша Амра на семејната фотографија, на која голем број обожаватели и упатија бројни честитки.
Двојката веќе ја има ќерката Уна и синот Даниј. Амра е мајка и на ќерката Софија, која ја има од првиот брак. Семејството Џеко живее во предградието на Рим и веќе со недели се наоѓа во карантин.
„Времто главно го минува во куќата, а со децата се фокусираме на домашните активности. Ја имаме таа среќа што во Рим е убаво времето, па можеме да излеземе во дворот и во некои помали паркови. Играме заедно, читаме, гелдаме филмови, готвиме. Се обидуваме оваа ситуација со коронавирусот толку да не влијае на нас и на децата и да не креваме многу паника. Иако на моменти е оправдана“, изјавила Амра.