Претседателот на Русија Владимир Путин, за време на неговата посета во Франција, се сретна со неговиот колега Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит. За време на нивната средба Путин ѝ подари букет цвеќе на првата дама.
Бриџит пред да се поздрави со рускиот лидер, го тргнала завојот од повредената рака. Путин беше во посета на летната резиденција на францускиот лидер.
„Уште од хеликоптер можевме да видиме колку е убав овој дел од Франција“, изјавил Путин ѝ му се заблагодарил на Макрон за гостопримството.
„Макрон беше толку љубезен што целата наша делегација ја смести под сенка, на ладовина, а тој и неговата делегација останаа на сонце“, изјавил Путин.
Макрон и Путин се сретнаа неколку дена пред почетокот на самитот Г-7. На овој самит е планирано да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.
Путин вручил Брижит Макрон букет роз. Первая леди Франции за пару минут до встречи с Путиным сняла с травмированной руки бандаж. «Она решила от меня избавиться на несколько часов», – сказал президент Франции Путину, после чего Брижит их покинула pic.twitter.com/1Z314p7AI6
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) August 19, 2019