(Галерија) Славните личности и нивните близнаци

Различни или идентични, браќа или сестри, а можеби и едно од двете, небитно е.

Овие славни личности имаат нешто заедничко – датумот на раѓање! Блескавите светла на Холивуд често ни откриваат бројни тајни. Нуркајќи овој пат во фамозниот свет на филмот, музиката и гламурот, ви откриваме кои се тие познати личности кои имаат свој близнак, а за тоа речиси и да не се зборува во јавноста!

Скарлет Јохансон и нејзиниот брак Хантер

Иако се близнаци, освен очигледните разлики во полот, ги дели уште нешто многу битно – цели 30 сантиметри. Често овој дуо се шали на своја сметка кога во прашање е висината, имајќи предвид дека Скарлет е прилично ниска. Како и сестра му, така и Хантер се бавеше со глума своевремено, додека во последно време се сврти кон политиката.

Кифер и Рејчел Сатерленд

Измеѓу овие двајца близнаци очигледна е физичката сличност, но и заедничката љубов кон филмската индустрија. Имено, Кифер се определил за улогата на добро познат глумец додека Рејчел е активна во пост-продукцискиот надзор.

Мајкл и Ештон Кучер

На сите им е добро познатиот Ештон, меѓутоа малку од оние вон кругот на семејството и пријателите знаат за неговиот брат близнак Мајкл. Мајкл пати од целебрална парализа и на 13 години морал да оди на трансплантација на срцето, но е исконски борец.

Арон и Шон Ешмор

Скоро идентични близнаци. Овие двајца браќа толку многу личат што ретко кој може да ги разликува. И двајцата канадски момчиња се глумци по професија. Арон се појавува во познатата серија „Смолвил“, а Шон глуми во повеќе успешни остварувања на Икс-мен.

Бразилските фотомодели Жизел Брундшен и нејзината сестра близначка Габриела

Овие две фамозни девојки очигледно делат неверојатни гени затоа што со својата појава никого не оставаат рамнодушен.

Scroll to Top