Српскиот актер Иван Босиљчиќ призна дека сака да добива рачно напишани писма, на хартија. Тој сака обожавателите да ги оценат неговите концерти, изведби, глумата, поетските рецитирања и да го споделат тоа со него.
„Немам фејсбук-профил, но имам домашна адреса. Уживам да добивам писма напишано на рака, адресирано до мене, во кои обожавателките и колешките ќе ми кажат сè што сакаат. Тоа е добро и во недостиг на музички критики во медиумите, какви што одамна нема“, рекол актерот.
Од неодамна Босиљчиќ има инстаграм-профил, па вели дека со задоволство ги чита и пораките што ги добива таму.