Нашата поп пејачка деновиве прослави пет години брак.
Елена Петреска со својот сопруг Андреј Толевски има две дечиња, но ужива во љубовта како во периодот кога беа во врска и пеперутки летаа на сите страни.
Доказ за тоа се вљубените фотографии на социјалните мрежи и насмевката на нејзиното лице.
Инаку за магичниот ден и прославувањето пет години брак, Андреј ја изненади саканата со балон со бројот 5, голема корпа цвеќе и уште низа други балони. Романтично за очи, убаво за срце!
На ова пејачката одговори:
„Сум се вљубувала многу пати… секогаш во тебе. Среќна годишнина љубов моја!“