Откако новиот директор на Бирото за метрологија Авдуљ-Селам Селами рече досега погрешно мислел оти оваа државна институција ги следи метеоролошките промени и дека ова е наука за времето, твитерџиите не издржаа, а да не се пошегуваат на негова сметка.
Некои му напишаа дека не е важно што мислел, туку дека важно е што е сега директор. Други, ако мисли и дека стоматологијата е медицинска наука за стомак, тогаш местото му е за во Министерството за здравство. Редакцијата на „Репортер“ избра некои од најинтересните твитови.