Ристо, Јоже и Бојан со празни стомаци живеат во трошна куќа

Ристо, Јоже и Бојан Ѓорѓиев се тројца болни браќа од Струмица, кои делат иста трагична судбина. Без основни услови за живот, со празни стомаци, живеат во трошната куќа полна со влага и мувла.

Кровот им протекува од сите страни, а на пдоот наместо паркет, има само студен бетон. Креветоте на кои спијат се распаѓаат, немаат со што ни да се покријат, а како кујна, во ретки ситуации кога ќе имаат што да јадат, го користат руинираното купатило.

Сите тројца имаат здравствени проблеми и не се способни за работа, а единствениот приход им е социјалната помош од 3800 денари (околу 60 евра). Со тие пари немаат доволно ни за храна, а камоли за овие студени денови да купат топла облека.

„Трпиме гладни, без храна. Немаме ништо за јадење и постојано луѓето ги молиме за парче леб. Ни даваат по некој динар да купиме барем парче леб. Тука во собата, каде од плафонот тече вода на кабелот за струја, тој се запали и можеше сите да не убие“, се пожалил Ристо Џорџиев.

Во какви нечовечки услови живеат тројцата болни и гладни браќа, беа известени и нивните комшии. Велат дека секојдневно се трудат да им помогнат колку што можат, но тоа не е доволно за три гладни усти, па затоа решиле преку медиумите да побараат помош за нив, ако ништо друго, барем да им се санира домот.

„Сите тројца имаат здравствени проблеми, не се разбираат во пари. Можело струјата да ги убие. Џабе им се пари, на нив парите не им значат ништо, единствено што им е потребно, кој колку може да помогне со храна, гардероба, да им се поправи кровот на куќата која прокиснува“, вели нивната комшивка Сузана Мишиќ.

Браќата Џорџиеви велат дека биле најсреќни кога би можеле самите да работат и да заработуваат, на никого да не му бидат терет и од никого да не зависат, но не можат. Затоа што се надеваат дека нивниот апел за помош ќе стигне до добрите и хумани луѓе кои ќе им овозможат барем основни услови за живот, колку-толку за пристоен дом.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top