Софија Вергара би била одлична Саманта во „Сексот и градот 3“

Актерката Ким Катрал ја предложи Колумбијката Софија Вергара која е позната во улогата од „Модерно семејство“ да ја замени во третото продолжение  на „Сексот и градот“.

Ваквите коментари на Катрал за новото лице во улогата на Саманта дојдоа, поради тоа што таа не е во најдобар однос со колешката Сара Џесика Паркер, со што ги отфрли шпекулациите за нејзините специфични барања за хонорарите. Претходно Џесика искоментирала дека би можел да се сними уште еден филм, но без Катрал.

„Никогаш не се знае“, изјави таа во шоуто на Елен де Џенерис. „Можеби, ќе најдеме начин”.

Покрај Софија, Катрал ја предлоижи и Тифани Хадиш од „Девојкина пат“.

 

„Тие две се од многуте фантастични актерки кои ќе го извадат најдоброто од Саманта Џонс“, објави Катрал на Твитер.

Ким Катрал ја играше улогата на Саманта во шест сезони на серијата и во две филмски продолженија.

 

Scroll to Top