(Видео) Глумецот Идрис Елба има коронавирус

Глумецот Идрис Елба е заразен со коронавирус, пренесуваат британските медиуми. Тој на социјалните мрежи призна дека е позитивен на опасниот вирус, но вели дека се чувствува добро и дека во моментов ги нема симптомите. Сепак се наоѓа во изолација и карантин.

„Утрово ги добив резултатите од тестирањето на коронавирусот и покажа дека сум зарзен. Ги немам симптомите, се тестирав затоа што бев во контакт со некој кој дозна дека е заразен. Веднаш откако дознав дека е заразен, се полеков во самоизолација и направив тест. Денес стигнаа резултатите. Тоа е сериозно. Сега е добро време да се оддалечите од луѓето и да ги миете раце. Постојат луѓе кои се заразени, а немаат никакви симптоми. Затоа сега е време да бидете многу внимателни“, изјавил Елба на видеото на социјалните мрежи.

Тој додава дека колегите и семејството се поддржуваат и напомена дека е важно отворено да признаете ако сте заразени.

 

Scroll to Top