Девојка од Бразил се омажила за машка кукла, па тој ја изневерил со друга жена

Мејривон Рока Мораес (37) требало да ја прослави првата годишнина со кукла парталка Марсел, но останала со скршено срце откако нејзина пријателка го видела Марсел во мотел со друга жена.

Мејривон необичната романсата со Марсел ја започнала кога нејзината мајка и направи кукла од партали и откако ја слушнала како се жали дека нема со кого да танцува, пишува Мирор.

И на 18 декември 2021 година, парот ја официјализираше својата врска на свадбена церемонија на која присуствуваа 250 гости. Не помина долго време по венчавката кога во своето семејство воведоа уште еден член – бебето кукла Марселин.

Брзо потоа се појавиле проблеми во нивната врска. Мејривон од Бразил тврди дека таа и Марсело сега спијат во посебни соби, откако открила дека тој ја изневерува со друга жена. Сега таа се отворла за нивната романса во видеото на Тик Ток, кое собра 1,6 милиони прегледи и повеќе од 120.000 допаѓања.

„Дознав преку една пријателка која ми кажа дека го видела Марсел како влегува во мотел со друга жена додека јас бев во болница три ноќи и три дена со Марселина, нашиот син, кој имаше вирус. Отпрвин мислев дека лаже , но потоа почнав да го пребарувам неговиот телефон и ги видов разговорите, па бев сигурна дека ме изневерува. Тој негираше се и рече дека многу ме сака и ме замоли да му простам”, објаснила таа.

Иако на почетокот размислувала целосно да го избрка Марсел од куќата, се согласила да го остави да остане заради нејзините деца, Керол и Диего, и нивното бебе Марселино.

„Сакав да го исфрлам од дома, но нашето дете е сеуште мало и во оваа фаза многу би му недостасувал татко му. Исто така, љубовта што ја чувствувам кон него ме натера да му простам, не целосно, но не мислам дека не би можела да живеам без сопругот. Морам да разговарам со него, за да одлучи еднаш засекогаш дека нема да ме изневерува повторно, а ако го повтори тоа нема да му простам“, заклучила таа.

Scroll to Top