Девојка осудена е на 34 години затвор затоа што користела „Твитер“

Студентката Селма ах Шехаб од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор затоа што користела „Твитер“. Оваа пресуда е најдолга казна изречена на еден бранител на права на жени во Саудиска Арабија

Донесена е кога Селма се вратила дома во Саудиска Арабија од Универзитетот „Лидс“, каде на  „Твитер“ ги следела и ретвитувала дисидентите и активистите.

Саудискиот специјален суд за тероризам ја изрекол пресудата во неделата за време на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија.

Активистите за човекови права предупредија дека оваа посета може да го охрабри кралството да ги ескалира пресметките против десидентите и другите продемократски активисти.

Пресудата означува ескалација во борбата против оние кои не се согласуваат со политиката на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Случајот исто така претставува најнов пример како Мохамед бин Салман ги таргетира корисниците на „Твитер“ во неговата кампања за репресии, додека истовремено има контрола на голем удел во американската компанија за социјални медиуми преку саудискиот суверен богат фонд, Фондот за јавни инвестиции.

Селма е мајка на две малолетни деца и првично е осудена на три години затвор за злосторство, користење на интернет страници и предизвикување на јавни немири и дестабилизација на граѓанската и национална безбедност.

Жалбениот суд во понеделникот изрече нова казна од 24 години затвор по што сега на Селма ѝ следи 34 години забрана за патување. Јавниот обвинител побара од судот да ги разгледа и другите наводни злосторства кои ги направила Селма.

Според преводот на судските списоци, во кој „Гардијан“ направил увид, новите обвинувања, вклучуваат наводи дека Селма им помагала на оние кои сакале да предизвикаат јавни немири и дестабилизација на граѓанската и национална безбедност, следејќи ги нивните налози на „Твитер“ и споделувајќи ги нивните објави.

Се верува дека Селма и поматаму може да се жали на пресудата во овој случај. Со оглед на сѐ Селма не била водечка или посебно гласна саудиска активистка, ни во Саудиска Арабија, ни во Велика Британија.

На „Инстаграм“ има 159 следбеници. Во описот стои дека е стоматолошка хигиеничарка, медицински педагог, докторант на Универзитетот Лидс и предавач на Универзитетот на принцезата Нура бинт Абдулрахман. Сопруга е и мајка на два сина Ноа и Адам.

На „Твитер“ покажува дека има 2597 следбеници. Меѓу твитовите за ковид и фотографиите од децата, Селма понекогаш има ретвитувано твитови на саудиски десиденти кои живеат во егзил и кои повикуваат на ослободување на политичките затвореници во кралството.

Се чини дека случајот го поддржува и Лудџаин ал Хатлул, истакната саудистичка феминистичка активистка, која претходно била во затвор и која наводно била мачена поради поддржувањето на возачките права за жените, а сега ѝ е забрането да патува.

Scroll to Top