Илон Маск се откажа од купување на Твитер

Американскиот милијардер и основач на Тесла и Спејс Икс, Илон Маск соопшти дека се повлекува од договорот за купување на Твитер.

Тој се повлече од понудата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, обвинувајќи ја дека одбива да дава информации за лажните налози.

Твитер веднаш возврати и соопшти дека ќе го тужи Маск за непочитување на договорот.

Вредноста на акциите на Твитер вчера се намали за пет проценти односно на 36,81 долари, што е значително под 54,20 долари, колку што Маск беше подготвен да плати за акција

Scroll to Top