Констракта ќе има концерт во Скопје

Констаркта и „Земља грува“ на 16 септември ќе одржат концерт во Скопје во рамки на фестивалот „Звукот на Скопје“.

На отворањето Констракта ќе настапи пред Филхармонија, а по неа следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“. Додека низ чаршијата настапи ќе имаат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд Diaz Wojtas Duo.

Во галериите на КИЦ ќе биде поставена изложбата „Македонија“ од бразилските уметници Даниел Kастинет и Вилсон Нето.

 

Забавата ќе продолжи следниот ден, 17 септември, на плоштадот „Мајка Тереза“, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата, а ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања.

„Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, Foolish Green и „Брука бенд“ ќе настапат пред Филхармонија, а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. На истата сцена ќе има и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц.

 

Scroll to Top