Носталгичарите и повозраните генерации кои се уште копнеат по Југославија, вчеравечер уживаа во претставата „Лепа Брена проект“ во Филхармонија, на култниот белградски „Битеф“ театар.
Ред емотивни реплики, ред музика со најголемите ју хитови на Лепа Брена. Аплаузот беше неизбежен посебно на репликите кои допираа до публиката и ги враќаа спомените од еден убав период и едно друго време.
Преку ликот и делото на Лепа Брена која во тоа време била најголема музичка ѕвезда, но и симбол на шоу-бизнисот, беше претставена приказната за создавањето, животот, војната, транзицијата и распадот на Југославија.
Главниот лик во претставата беше Лепа Брена, но претставена во неколку ликови. Брена како пејачка, бизнисменка, градежник, Брена како Југославенка и Брена сексуалност. Всушност преку овие ликови претставен беше животот и на пејачката, но и животот на братството и единството, љубовта, почитта во времето на Југославија. Актерите преку разговори се надополнуваа меѓусебно, но и со публиката.
Повозрасна публика беше присутна во салата на Филхармонија, а актерите од претставата се обидуваа да евоцираат спомени на некогашнатa Југославија и култното тробојно знаме со петокрака. Потсетија на најголеите хитови на Лепа Брена, отпеани на стадиони со илјадници луѓе додека сканираат „Брена, Брена“.
[/video]Претставата е добар начин да се прикаже на младите како некогаш било да се живее во Југославија. Каква транзиција преживеале југословените и како понтаму се уште се сакаат и почитуваат, а културата е таа што ги поврзува и нема граници.
Лепа Брена како симбол на една распадната земја, била пејачка која каде и да се појавела ги полнела стадионите. Во времето на Југославија таа одржала 100 концерти.
„Елтон Џон, Миг Џегер, Горан Бреговиќ немаат рок на траење, зошто тогаш Лепа Брена би имала“, беше една од репликите во претставата.
„Лошото време е зад нас. Јас не ги делам луѓето според верска определба, туку на добри и лоши. Никогаш не сум подлегнала на нови трендови. Секогаш сум за тоа, модерното да се спои со старото“, се реплики кои алудираат на Југославија.
[/video]„Ја сакав, и се уште ја сакам Југославија.Не ја сакам територијата, туку идејата, слогата и љубовта“.
Организатори беа Авалон продукција.
Габриела Додевска
[/video] [/video]