Мемет бил примен во тешка состојба на КАРИЛ, а немал ни лична карта

Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“, кој вчера на 19 години, почина на КАРИЛ, немал можност да прави здравствени прегледи. Пред смртта тој влегол во болницата за прв и последен пат. Момчето на КАРИЛ стигнало во екстремно тешка состојба.

„За жал Мемет најверојатно имал дијабет тип 1, кој што се појавува уште во детската возраст. Живеел со хипергликемија долго време, и кога достасала до енормни вредности, донесен е кај нас. Таа гликемија прави растројство на сите системи. Нашето тело работи на PH, нормално е 7,4, тој имаше вредност на киселост 6,8. Организмот не работи во кисела средина. Многу деца и сме ги спасиле во ваква ситуација, но, кај него оштетувањата беа преголеми. Кога ќе се јави кетоацитоза, пациентите се повеќе подложни и на инфекции, затоа што самиот висок шеќер во крвта е добар агар за каква било бактерија. Тоа дополнително ги влошува компликациите по системи“ вели Маја Мојсова, анестизиолог на КАРИЛ за „Лице в лице“.

Додава дека да се лекувал на време, и ако претходно била регулирана таа гликемија, можеби ќе имале шанси да го спасат. Веројатно никогаш не ни бил испитуван.

Списанието пишува дека Мемет немал можност да прави здравствени прегледи, немал здравствена книшка која ќе значи редовни прегледи. Задоцнетата документација за идентитет, личната карта, ги ставила на „почек“ сите потреби, услуги, замисли за поинаков живот на еден млад човек.

Неговиот ментор од Дневниот центар за деца на улица, Филип Пепоски пак објаснува дека компликациите при вадење лична карта се случиле поради недостапноста на единствениот негов родител, пишува „Лице в лице“.

Почина 19-годишниот Мемет, кого скопјани го познаваа од дебармаалските улици со списанието „Лице в лице”

 

Scroll to Top