Највисоката жена во светот првпат леташе со авион, отстранети биле шест седишта за да и направат место

Румејса Гелги, или највисоката жена во светот (2,15m), првпат леташе со авион, откако турска авиокомпанија извади шест седишта од авионот за да направи место за 25-годишната девојка. Румејса Гелги од Истанбул, Турција, е највисоката жена во светот и неодамна имаше можност првпат да лета со авион. 25-годишната девојка има 2,15 метри и поради висината, за неа е невозможно удобно да се смести во авион. Но, авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ направи модификации на еден од нивните авиони со цел да ѝ овозможи да патува. Младата девојка патувала од Истанбул до Сан Франциско.

Од авионот биле отстранети шест седишта кои биле заменети со специјален кревет за Румејса, со цел удобно да го помине 13-часовниот лет. Румејса има ретко генетско нарушување кое предизвикува претеран раст на коските. Поради ова, таа е многу висока, а за движење мора да користи помагала, како инвалидска количка.

Среќната девојка сподели и фотки од нејзиниот прв лет:

„Ова беше мојот прв лет, но сигурно нема да биде последен. Отсега ќе ми биде чест и задоволство да патувам на различни места во светот со ‘Туркиш ерлајнс’. Искрено благодарам до секоја личност која беше вклучена во моето патување“, пишува во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RUMEYSA GELGI (@rumeysagelgi)

Според „Дејли меил“, Румејса отишла во САД со цел да работи на нејзините вештини како програмер. Истовремено, таа соработува и со Гинис.

Румејса го собори нејзиниот прв Гинисов рекорд во 2014 година, кога беше прогласена за највисока тинејџерка во светот. Во 2021, пак, беше прогласена за највисоката жена во светот. Таа е прогласена и за жена со најголеми дланки, најдолги прсти и најдолг грб во светот.

 

Scroll to Top