Почина Мино Рајола, еден од најпознатите фудбалски менаџери

Еден од најпознатите и највлијателни менаџери во светот на фудбалот, Мино Рајола, почина денес на 54 години. Италијанските медиуми пренесоа дека на средината на јануари тој беше однесен во болница во Милано, каде што бил опериран, и дека се борел за животот. Детали не беа изнесени.

Лекарите подоцна објавија дека тој е подобар и дека ќе оздрави. Рајола е роден 1967 година во Италија, но поголемиот дел од детството и младоста го поминал во Холандија.

Своето реноме во светот на фудбалот го изгради со трансферите на Денис Бергкамп и Павел Недвед. Во годините што следуваа стана синоним за најголемите трансфери и најдобрите играчи.

Им беше агент на некои од најголемите фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Холанд и други.

Scroll to Top