Социјалната мрежа на Трамп не ја одобри Гугл Стор

Платформата за социјални медиуми на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Truth Social, сè уште не е одобрена за дистрибуција од Гугл Плеј Стор, наводно поради проблеми со содржината.

Ова го соопшти портпаролот на Гугл и дека за да може апликацијата да се симне на огромното мнозинство на телефони во светот, треба да биде одобрена од Епл и Гугл.

Од Гугл велат дека се загрижени поради содржината што поттикнува насилство, пренесува Би-би-си.

Платформата е основана од Трамп, кому му беше забрането да користи Твитер и Фејсбук по минатогодишните немири во американскиот Капитол. Критичарите тврдат дека новата мрежа има проблем со дезинформации и говор на омраза. Извештајот објавен во понеделникот откри 47 проверени сметки кои промовираат теории на заговор QAnon на платформата. Апликацијата беше лансирана во Епл Апп Стор на 21 февруари.

„Во август ја известивме Truth Social за неколку прекршувања на правилата во нивната сегашна апликација и повторивме дека постоењето на ефективни системи за модерирање на содржината генерирана од корисниците е услов за секоја апликација да биде активна на Гугл Плеј“, се вели во соопштението на Гугл.

Групацијата за медиуми и технологија Трамп изјави дека продолжуваат да соработуваат со добра волја со Гугл за да се осигураат дека апликацијата Truth Social Android е во согласност со сите правила, без да се загрози нејзиното ветување дека ќе биде рај за слобода на говорот. Тие исто така додадоа дека многу конкуренти ги прекршуваат правилата, но сè уште се на Гугл Плеј.

Scroll to Top