Таеквондисти од Охрид освоија шест пехари и 30 медали на турнир во Албанија

Таеквондистите од клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, Охрид освоија 6 пехари и 30 медали на турнирот „Корча Опен 2022“ во Албанија. На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови, а три од нив беа од Македонија.

Охридскиот клуб се натпреваруваше со 17 таеквондисти, а ги предводеше Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан. Сите натпреварувачи учествуваа во две дисциплини, борба со замислен противник и спаринг борби.

Таеквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ овој пат освоија 30 медали, од кои 11 златни, 9 сребрени, 10 бронзени, и 6 пехари и тоа 4 за најдобри поединци, пехар за најдобар тренер и севкупен пласман, пехар за најдобар клуб.

Наредниот викенд таеквондистите ќе учествуваат на Меѓународниот турнир „Србија Опен 2022“ во Нови Сад

Scroll to Top