Трансродна жена е обвинета за силување, нападнала две девојки пред да си го промени полот

Исла Брајсон е обвинета и прогалсена за виновна за силување на две жени. Брајсон која е трансородна жена, ги девојките ги нападнала кога била маж. Потоа направила операција за промена на полот.

Службите велат дека нема да биде сместена во женскиот затвор Корнтон Вејл во Шкотска и дека казната ќе ја служи во затвор за мажи. Веста ја потврди и премиерката на Шкотска, Никола Старџон.

Таа рече дека Брајсон во четвртокот е преместена кај машките затвореници, пренесе Sky News. Исла пред операцијата се викала Адам Грем, а нападите се случиле во 2016 и 2019 година.

Жртвите ги запознала на интернет. Адам тврдел дека од четвртата година имал проблеми со полот, а процесот на промена ја почнал во 2020 година. Од почетокот негирал дека ги нападнал девојките и се бранел дека самите се согласиле да имаат секс со него.

Една од жртвите на судењето рече дека му дала повеќе пати до знаење дека не сака да имаат секс, а втората рече дека ја силувал кај неа дома кога го поканила да гледаат филм.

Иако е одредена кауција, судијата одлучи да остане во притвор до изрекувањето на пресудата, која се очекува да се случи на 28 феврари.

Scroll to Top