(Видео) Божиќниот камион на „Кока Кола“ се запали во Букурешт

Се запали божиќен камион на компанијата „Кока кола“ додека возел на фреквентен пат во Букурешт, Романија.

Возачот успеал да излезе од камионот пред да биде зафатен од огнените пламени. Причините за пожарот се уште не се познати.

Компанијата за безалкохолни пијалаци изјави за локалните медиуми дека презема мерки за да спречат понатамошни инциденти од слична природа.

Scroll to Top