(Видео) На Хаваите се разбуди најголемиот активен вулкан во светот

Американската геолошка служба соопшти дека во неделата вечерта се разбуди најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа, кој се наоѓа на Хаваите.

Во соопштението се прецизира дека ерупцијата започнала во калдерата, проширувањето на кратерот создаден на врвот на вулканот.

„Во овој момент, тековите на лава се ограничени на подрачјето под врвот на вулканот и не претставуваат опасност по луѓето населени во подножјето“, е наведено во соопштението.

Хавајската геолошка служба најави дека со хеликоптер ќе ги надгледува подрачјата на ерупцијата, за да ги анализира истите, како и количината на ослободениот дим и пепел.

Scroll to Top