(Видео) Нејмар за две минути доби два жолти картона, судијата го исклучи поради глумење пенал

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар беше исклучен на натпреварот против Стразбур. Судијата му покажа два жолти картони за само две минути. Бразилецот беше исклучен откако се обиде да одглуми пенал, а неколку секунди претходно удри во лице еден од противничките фудбалери.

За потсетување, натпреварот на крај заврши со победа на ПСЖ од 2:1. Стрелци на головите за францускиот шампион беа Маркињос и М’бапе кој погоди од пенал во 91 минута.

Scroll to Top