Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ и оваа година прими МВП награда, но овој пат ја зема во родниот Сомбор, откако заврши со јавањето на коњи. Наградата му ја доделија тренерот Мајк Мелоун, генералниот директор Келвин Бот и сопственикот на Денвер Стен Кроенка.
Тројцата го изненадија кога му дојдоа на гости. Јокиќ се расплака од возбуда, а пред шталата го чекаше и жива музика.
Surprise in Sombor✈️🇷🇸 We flew to Serbia to surprise the BACK-TO-BACK MVP! And, wow, this moment was special. pic.twitter.com/aFvIEDgnSj
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022
„Не е можно дека воопшто ќе станам кошаркар и дека ќе играм во НБА лигата, доаѓајќи од овој град, а сега сум дел од најјаката лига во светот“, рече Јовиќ.
Тој на гласањето доби 875 бодови, а веднаш зад него беа Џоел Ембид со 706, додека трет беше Јанис Адетокумбо со 595. Потоа следуваа Девин Букер, Лука Дончиќ, Џејсон Тејтум, Џа Морент, Стивен Кари, Крис Пол, Демар Дерозан, Леброн Џејмс и Кевин Дурент.
“First time in NBA History that a KIA MVP honor has been given out in a Serbian horse stable.”
We’re gonna take a guess that you’re right, @TurnerSportsEJ 🤣 pic.twitter.com/v5RZrEQbi3
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022
Гласовите ги доделуваа повеќе од 100 новинари од САД и Канада.
За потсетување, Јокиќ веќе втора година по ред ја освојува оваа награда и влезе во друштво на Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Тим Данкан, Стив Неши и други. Тој стана 13-ти играч во историјата со две МВП признанија во низа и само петти центар.
From his stables to back-to-back MVP. He’s been overcoming the odds from the beginning🙌 pic.twitter.com/Y6UtusJhZM
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022
A dog starts choking off screen as 2X NBA MVP Nikola Jokic, in front of his horses stable, tells the TNT crew that he’s “Not flashy”. Our king. #MileHighBasketball pic.twitter.com/c5aLAdnb9c
— Ryan Greene 📷 (@RyanGreeneDNVR) May 11, 2022
View this post on Instagram