(Видео) Цукенберг ги покажа боречките вештини, па фановите го прашаа кога ќе боксува со Илон Маск

Марк Цукерберг објави едноминутно видео во кое ги покажува неговите боречки вештини.

Основачот на Фејсбук го објави ова видео на социјалната мрежа како поддршка на својот тренинг партнер Каи Ву кој дебитираше во натпреварувањето на УФЦ.

Видеото за неколку часа го погледнале два милиони луѓе и стана хит на Фејсбук и предизвика многу коментари. Некои ги пофалија ударите со глава и соборувањата на Марк на подот, други го замолија да не користи удари во секојдневниот живот и го прашаа кога се очекува да го има своето деби во УФЦ. А имаше и прашање за Марк кога ова ќе го направи со Илон Маск.

Scroll to Top