Пол Макартни ја разнежни свадбата на Тејлор Свифт: Го отпеа легендарниот хит на „Битлси“ за младенците

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси продолжува да привлекува огромно внимание, а новите детали откриваат дека еден од најемотивните моменти на вечерта бил настапот на легендарниот Пол Макартни.

Според информациите објавени од американските медиуми, славниот музичар ги изненадил младенците и гостите со изведба на безвременскиот хит на „Битлси“ – „I Want to Hold Your Hand“, песна која првпат беше објавена во 1963 година и останува една од најпознатите љубовни композиции во историјата на музиката.

Извор близок до свадбената прослава изјавил дека по церемонијата мајката на Тејлор, Андреа Свифт, ги поканила сите гости во свечената сала каде што била поставена главната сцена за музичката програма.

Покрај Пол Макартни, на свеченоста настапила и легендарната пејачка на Fleetwood Mac, Стиви Никс, која е долгогодишна пријателка и музички идол на Тејлор Свифт.

Уште пред свадбата, американските медиуми објавија дека меѓу музичките гости ќе бидат и Стиви Никс и кантри-ѕвездата Тим Мекгроу, а настапот на Пол Макартни бил чуван во строга тајност како едно од најголемите изненадувања на вечерта.

Макартни и Тејлор Свифт со години негуваат блиско пријателство. Во 2020 година двајцата заедно се појавија и на насловната страница на списанието Rolling Stone, каде разговараа за музиката, текстописците и своите кариери.

Свадбената прослава се одржа во легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, каде присуствуваа околу 1.000 гости – членови на семејствата, блиски пријатели, холивудски ѕвезди, музичари и познати спортисти.

Ден претходно беше организирана и интимна вечера за околу 100 најблиски луѓе на двојката. Меѓу присутните беа Селена Гомез, спортската новинарка Ерин Ендрус, долгогодишната портпаролка на Тејлор, Три Пејн, како и блиски пријатели на Тревис Келси.

По свадбената церемонија, надвор од „Медисон Сквер Гарден“ беа поставени светлечки натписи „JUST & T MARRIED“, со кои беше објавено дека Тејлор Свифт и Тревис Келси официјално стапиле во брак.

Според претходно објавените информации, церемонијата ја водел актерот и комичар Адам Сендлер, додека Тејлор носела венчаница изработена од модната куќа Christian Dior Haute Couture, во комбинација со накит од Cartier и чевли Christian Louboutin.

Наместо традиционални деверуши и девери, Тејлор го избрала својот брат Остин Свифт за „Man of Honor“, додека Тревис му ја доверил улогата на кум на својот брат Џејсон Келси.

По свадбата бројни гости ги споделија своите впечатоци, опишувајќи ја атмосферата како магична и незаборавна. Според нив, салата била трансформирана во раскошна градина, исполнета со зеленило, дрвја и романтична декорација, а вечерта била исполнета со врвна музика, богата гастрономска понуда и емотивни моменти кои долго ќе се паметат.

Scroll to Top