Ролан Гарос сепак ќе се игра пред публика

Организаторите на тенискиот турнир Ролан Гарос најавија дека тој сепак ќе се игра пред публика. Трибините во Париз ќе бидат со намален капацитет, односно само 50-60% од вкупниот капацитет, поради пандемијата со коронавирусот.

Организаторите ја следат ситуацијата со вирусот и носат нови одлуки како што одминува времето. Олеснувањето на мерките е позитивно за фановите, но и за тенисерите, кои ќе имаат поддршка на натпреварите и нема да играат само пред камерите.

Францускиот тениски сојуз соопшти дека постојат строги протоколи за да се заштитат сите учесници и навивачи кои ќе бидат дел од турнирот.

Натпреварите на Ролан Гарос, кои требаше да се одиграат во мај, се закажани за периодот од 21 септември до 11 октомври. Билетите за натпреварите ќе бидат пуштени во продажба на 9 јули.

Scroll to Top