Данило Брестовац веќе не е селектор на ракометната репрезента. Oд Ракометната федерација соопштија дека со Брестовац се договориле за заемен прекин на соработката. Брестовац беше селектор на репрезентацијата од јуни 2019 година.
„Ракометната федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 година, заемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, стои во соопштението на фејсбук-страницата на РФМ.