Легендарниот шпански фудбалер и поранешен играч на Барселона, Чави, објави на „Твитер“ дека е позитивен на коронавирус. 40 годишниот Шпанец, кој сега е тренер на катарскиот клуб Ал Сад, откри дека ги нема симптомите на Ковид 19 и дека се чувствува добро.
„Пред неколку дена се тестирав за Ковид 19 и тестот е позитивен. За среќа, се чувствувам добро, но ќе бидам изолиран се додека не дадам негативен тест. Кога здравствените власти ќе дозволат, ќе се вратам на работа“, напиша Чави на социјалните мрежи.
Пораки со поддршка и желби за брзо оздравување почнаа да стигнуваат од целиот свет, а пред се од неговиот поранешен клуб Барселона.