Црногорците нацртаа мурал со ликот на Новак Ѓоковиќ на куќа во Беране, Црна Гора. Под сликата, на која Новак држи трофеј, е изјава на таткото на Новак, Срѓан, која вели: „Обврзани сме и во најтешката ситуација да постапуваме како луѓе и не постои интерес, ни национален ни индивидуален, што може да ни биде изговор да бидеме нелуѓе“.
Новак е еден од омилените спортисти во Црна Гора и тој често ја посетува земјата. Откако беше депортиран од Австралија, тој неколку дена помина во Тиват и Подгорица, каде што се одмораше, но и се дружеше со своите пријатели од Црна Гора, а беше и во манастирот Острог, каде што се сретна со митрополитот Јоаникиј.
View this post on Instagram