Фудбалерот Маркус Рашфорд се избори 1,3 милиони деца во Англија да добиваат бесплатен оброк

Благодарение на кампањата на Маркус Рашфорд, фудбалерот на Манчестер јунајтед, околу 1,3 милиони деца во Англија ќе добијат ваучери за бесплатен училиштен оброк и за време на летниот распуст. Тој со својата кампања успеа да го промени мислењето на премиерот Борис Џонсон, кој ја почна оваа кампања во време на карантинот со короната, но сакаше да ја прекине. Сега, благодарение на фудбалерот, бесплатни оброци ќе добиваат децата од ранливи категории.

Џонсон го пофали придонесот на Рашфорд за залагањата за намалување на сиромаштијата.

„Му благодарам и честитам на Маркус за оваа кампања. Мора да го разбереме притисокот на кој сега се изложени некои семејства. Ова ќе им помогне и на децата и на тие семејства“, кажа Џонсон.

Британската влада обезбеди ваучери за бесплатен оброк за одредени категории деца додека траеше карантинот со коронавирусот, но инсистираше дека тоа нема да продолжи и понатаму. Рашфорд потоа покрена кампања за да ја промени одлуката на владата.

Погледнете што можеме да направиме кога ќе се здружиме“, напиша 22-годишниот Рашфорд на Твитер.

Scroll to Top