Фудбалерот Тихомир Костадинов ѝ го даде дресот на девојка која го посака за роденденски подарокн

Македонската репрезентација за првпат ќе игра во бараж за пласман на Светско првенство во фудбал, откако синоќа ја победи Исланд со 3:1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје на последното коло од својата квалификациска група.

На почетокот на натпреварот, една девојка беше фотографирана со транспарент: „Роденден ми е. Сакам победа, сакам дрес“. Фотографијата за кратко време беше објавена од ФФМ на нивниот официјален профил, кои ѝ ветија дека ќе дадат сè од себе да ѝ ја исполнат желбата.

На крајот од натпреварот, додека на трибините и теренот владееше еуфорија по победата, фудбалерот Тихомир Костадинов ѝ пријде на девојката, давајќи ѝ го својот дрес.

Фудбалерите продолжија да ја слават победата и во соблекуваната, каде што ечеа македонски песни:

 

Scroll to Top