Новак Ѓоковиќ рече дека попрво ќе се откажал од шансите за победи на големи тениски турнири, отколку да се вакцинира против коронавирус. Тениската ѕвезда даде интервју за Би-Би-Си.
Во интервјуто за Би-Би-Си прво се зборува за Новак Ѓоковиќ и се што се случуваше на Автсрлија опен. На прашањето дали поради својот став околу вакцинирањето би го жртвувал учеството на грен слем турнири како Ролан Гарос или Вимблдон, 34-годишниот тенисер одговара: „Да, тоа е цената која сум подготвен да ја платам.“
Ѓоковиќ вели дека како дете бил вакциниран и тврди: „Никогаш не бев против вакцините“. Но, додава дека сака да има слобода да одбере што ќе внесе во телото. Тој нагласува дека не жали за одлуките пред одржувањето на Австралија Опен, „затоа што принципите за носење одлука за моето тело се поважни од секоја титула или што и да е друго“.