Горан Пандев: Кога го освоивме Купот на Италија со Наполи, се чувствувавме како да сме ја освоиле Лигата на шампиони

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за „Спортиталија“ отворено зборуваше за неговата кариера во Италија и очекувањата од полусезоната која треба да ја помине во Парма

„Сè уште сакам да победувам. Верувам во Серија А со Парма. Не размислувам за минатото, фокусиран сум само на сегашноста. Не можам да кажам кој ќе ја освои Серија Б, затоа што има прилично неред од 6 или 7 екипи кои ќе се борат за првите две места до крајот. Најсилен е Лече, но не е сигурно дека секогаш победува најсилниот“, вели Пандев.

Тој исто така зборуваше и за деновите кои ги поминал во останатите клубови во Италија, па даде и прогноза за годинешната сезона.

„Наполи може да го освои Скудетото. Интер и Милан испуштија многу натпревари, со што им се дадоа шанса на наполитанците. Интер е фаворит, имаше многу натпревари и тимот е малку уморен. Се виде во последните неколку натпревари. Ако ме прашувате за мојот настап за Интер во 2010 година, ќе кажам дека за да играв за тој тим, ќе играв и како бек. Купот на Италија со Наполи беше нешто незаборавно. Се чинеше дека ја освоивме Лигата на шампионите поради ентузијазмот. Тоа што го доживеав таму, не сум го доживеал ни со Интер по Скудетото и Лигата на шампионите. Се вративме во Неапол по финалето, луѓето беа излезени да не поздрават. Тие навистина го сакаат тој дрес. Во Лацио, пак, ги имав најдобрите партии во кариерата“, вели нашиот ветеран.

За потсетување, Пандев се здоби со повреда на мускулот поради која не играше против Монца, а ќе не играше вчера ниту на мечот на Парма против Реџина.

 

Scroll to Top